MK | SQ

8ми март Амстердам

Холандија Амстердам - од 02.03.2018 до 05.03.2018

02.03.2018 – 05.03.2018


Ден 1: Скопје - Амстердам
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 06.00 слетува во 08.50 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Амстердам. Сместување во хотел. Разглед на Амстердам (комбинирана тура –(пешачка + автобус):Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт.Планирана е посета на фабриката за дијаманти (прошетка низ работилницата и разглед на начинот и методите на обработката на дијамантите).После посетата можност за факултативно крстарење со брод по многубројните канали од каде на посебен начин можете да ја доловите и доживеете убавината на градот и неговата обоеност,особено во вечерните часови кога градот едноставно почнува да живее до раните утрински часови. Ноќевање.

Ден 2: Амстердам
Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

Ден 3: Амстердам
Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење... Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото ЕЈ. После враќањето во Амстердам,можност за индивидуални активности и прошетка низ градот.Ноќевање.

Ден 4: Амстердам - Скопје
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 09.20 часот, пристигнување во Скопје во 11.55 часот на аеродромот Александар Велики.




Цена по лице: 350 € 



Цената вклучува: 
  • Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје
  • Кабински багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 55х40х23см)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Амстердам
  • Сместување во Хотел 3* во Амстердам на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Амстердам
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:
  • Аеродромски такси 3.990 денари
  • Доплата за чекиран багаж - куфер со максимум 20kg 4.500 денари / куфер со максимум 32kg 5.600 денари
  • Голема Холандска Екскурзија 75 евра
  • Мала Холандска Екскурзија 55 евра
  • Крстарење по каналите на Амстердам 17 евра
  • Туристичка такса 9 евра (по 3 евра од ноќ)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 20 патници
За реализација на факултативите потребен минимум од 20 патници
Резервација се прави со копија од пасош и авансна уплата од 30% (важи и за цената во предпродажба) од цената на аранжманот
Пасошот треба да важи минимум 180 дена од завршување на патувањето
Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

Листа на цени

double room - 700 € Резервирај