MK | SQ

Дубаи

Дубаи Dubai - од 10.02.2018 до 15.02.2018

10.02.2018 – 15.02.2018


Ден 1: Скопје - Дубаи
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, 3 часа пред полетување. Директен лет во 13:25 часот. Пристигнување во Дубаи во 21:20 часот по локално време. Организиран трансфер од аеродром до хотел. Ноќевање. 

Ден 2: Дубаи
Појадок во хотел. Панорамски разглед на Дубаи. Можност за посета на: Палатата на Шеикот на Дубаи – Mohammed Al Maktum, најстарата улица во Дубаи Al Bastakiva, џамијата Jumeirah, хотелот со 7 ѕвезди Burj Al Arab, центарот Madina Jumeirah, Палмата Jumeirah, Sheikh Zayed Road, Mall of Emirates – каде може да се скија на вештачки снег, комплексот Downtown Dubai, каде се наоѓа највисоката кула во светот Burj Al Khalifa ... 
(Факултативно) вечера во луксузниот хотел Burj Al Arab, 321 м и единствениот хотел во светот со 7 ѕвезди..

Ден 3: Дубаи
Појадок во хотел. Факултативна тура во пустина каде специјализираниот возач ќе ви направи пустинска турнеа низ пустинските дини. Турата предвидува јавање на камила, вечера со специјалитети на скара, и сето тоа придружувано со шоу програм од страна на танчери во склоп со убави звуци на ориентална музика. Враќање во хотел. Ноќевање.
(Факултативно) Бурџ Калифа – највисоката кула во светот со 160 ката.

Ден 4: Дубаи
Појадок во хотел. Прошетка во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, посета на џамијата Sheikh Zayed, ремек- дело во архитектурата; Emirate Palace Хотелот; Heritage селото; трговскиот центар Marina Mall; островот Saadyat, островот Yas каде се наоѓа комплексот Ferrari World и Ф1 пистата.

Ден 5: Дубаи
Појадок во хотелот. Слободен ден за плажа и шопинг.
(Факултативно), посета на најпознатиот Aquapark во Дубаи наречен Aquaventure, во кој се наоѓа најпознатиот подводен скејт наречен Leap of Faith, комплекс кој се наоѓа на најголемиот уметнички остров што некогаш бил изграден наречен Palm Jumeirah.

Ден 6: Дубаи - Скопје
Појадок. Трансфер до аеродромот во Дубаи. Директен лет Дубаи – Скопје 09:15 часот. Пристигнување во Скопје во 12:05 по локално време. Крај на програмата за патување.



Цена по лице: 599 €



Цената вклучува: 
  • Авионски билет | Fly Dubai | Скопје – Дубаи - Скопје
  • Повратен трансфер аеородром – хотел - аеродром
  • Хотелско сместување во Дубаи - Al Farej Hotel 3*
  • Услуга: Ноќевање со појадок
  • Панорамски разглед со автобус, според програмата
  • Локален водич во неколку посети

Цената не вклучува:
  • Виза – 79 €
  • Вечера во хотел Burj Al Arab – 179 €
  • Посета и искачување на највисоката зграда во светот Burj Khalifa – 49 €
  • Јeep сафари / вечера во пустината – 47 €
  • Аква Парк – 89 €

Листа на цени

double room - 1198 € Резервирај
single room - 749 € Резервирај