MK | SQ

Ла Лига: Реал Мадрид - Лас Палмас I 05.11.2017

Шпанија Мадрид - од 03.11.2017 до 06.11.2017

Период: 03.11.2017 – 06.11.2017

Опис на програмата:

Ден 01: Софија - Мадрид
Полетување за Мадрид во 17:50 часот со директен лет од Софија. Пристигнување во Мадрид во 20:40 часот. Сместување во хотел. 

Ден 02: Мадрид
После појадокот во хотелот, можете да се упатите кон Кралската Палата, резиденцијата на кралското семејство на Шпанија, која се користи само за официјалните државни настани. Би можеле да ги посетите и: Plaza Espana - плоштадот Шпанија на кој е сместен споменикот на Сервантес и ликовите од неговиот роман, централниот плоштад кој е познат по точката од каде почнува т.н Нулти километар во Шпанија и место каде жителите на Мадрид ја дочекуваат Новата година, градскиот парк Ретиро...Доколку Ви остане слободно време, можете да посетите и фламенко шоу.

Ден 03: Мадрид
Појадок. Слободно време до почеток на натпреварот Реал Мадрид – Лас Палмас во 13:00 часот.
По завршување на натпреварот, Ви предлагаме посета на фонтаната Цибелес, една од најубавите градски фонтани - најомилена за навивачите на Реал, каде ги прославуваат победите на својот клуб. Потоа, би можеле да се упатите кон Гранд Виа, една од најважните и најпопуларните улици, каде може да посетите дел од големиот број на продавници, како и да вечерате во некој од многуте ресторани.

Ден 04: Мадрид – Софија
Појадок. По одјавувањето од хотелот Ви предлагаме посета на Музејот "Prado Museum", главниот шпански Национален музеј на уметноста, сместен во централниот дел на Мадрид. Пријавување на аеродром два часа пред летот за Софија. Полетување во 21:20 часот.


Вклучено во програмата:
* Директен лет на релација Софија – Мадрид – Софија со авиoкомпанија Wizz Air
* Аеродромски такси
* Хотелско сместување
* Влезница за натпреварот Реал Мадрид - Лас Палмас

Цените се истакнати во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ

Листа на цени

двокреветна соба - 798 € Резервирај