MK | SQ

Дубаи

Дубаи Dubai - од 26.10.2017 до 30.10.2017

Поаѓање: 26.10.2017.
Враќање: 30.10.2017.

5 дена / 4 ноќи

Програма:


Ден 1: Скопје - Дубаи
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, 3 часа пред полетување. Директен лет во 13:35 часот. Пристигнување во Дубаи во 20:35 часот по локално време. Организиран трансфер од аеродром до хотел. Ноќевање. 

Ден 2: Дубаи
Појадок во хотел. Панорамски разглед на Дубаи. Можност за посета на: Палатата на Шеикот на Дубаи – Mohammed Al Maktum, најстарата улица во Дубаи Al Bastakiva, џамијата Jumeirah, хотелот со 7 ѕвезди Burj Al Arab, центарот Madina Jumeirah, Палмата Jumeirah, Sheikh Zayed Road, Mall of Emirates – каде може да се скија на вештачки снег, комплексот Downtown Dubai, каде се наоѓа највисоката кула во светот Burj Al Khalifa ... Факултативно – луксузна вечера во хотелот Burj Al Arab, најлуксузниот хотел во светот, единствен со 7 ѕвезди. Враќање во хотел. Ноќевање. 

Ден 3: Дубаи
Појадок во хотел. Факултативна тура во пустина каде специјализираниот возач ќе ви направи пустинска турнеа низ пустинските дини. Турата предвидува јавање на камила, вечера со специјалитети на скара, и сето тоа придружувано со шоу програм од страна на танчери во склоп со убави звуци на ориентална музика. Враќање во хотел. Ноќевање.
Факултативно: Посета и искачување на највисоката зграда во светот Burj Khalifa.

Ден 4: Дубаи
Појадок во хотел. Прошетка во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, посета на џамијата Sheikh Zayed, ремек- дело во архитектурата; Emirate Palace Хотелот; Heritage селото; трговскиот центар Marina Mall; островот Saadyat, островот Yas каде се наоѓа комплексот Ferrari World и Ф1 пистата.

Ден 5: Дубаи - Скопје
Појадок. Трансфер до аеродромот во Дубаи. Директен лет Дубаи – Скопје 09: 15 часот. Пристигнување во Скопје во 12:05 по локално време. Крај на програмата за патување.


Цената вклучува: 
  • Авионски билет | Fly Dubai | Скопје – Дубаи - Скопје
  • Повратен трансфер аеородром – хотел - аеродром
  • Хотелско сместување во Дубаи
  • Услуга: Ноќевање со појадок
  • Панорамски разглед со автобус, според програмата
  • Локален водич во неколку посети

Цената не вклучува:
  • Виза – 79 евра
  • Вечера во хотел Burj Al Arab – 179 евра
  • Посета и искачување на највисоката зграда во светот Burj Khalifa – 49 евра
  • Прошетка и вечера Dhow – 43 евра
  • Јeep сафари / вечера во пустината – 47 евра


Листа на цени

двокреветна соба - 1198 € Резервирај