Најдете идеално патување
STDL, UAI, 7 дена

Поаѓање
06.05.2018
Skopje 03:05 - Antalya 06:00

Враќање
12.05.2018
Antalya 23:55 - Skopje 02:20


Вклучени во вашата цена

Багаж - 23 кг
24ч корисничка услуга
Трансфер од/до аеродром
Аеродромски такси

Вкупната цена беше: 1,372 €
Денеска заштедувате -143 €
Цена по лице од 615 €
Вкупна цена 1,229 €

Add To Wishlist
Хотел
Локација:
Хотелот се наоѓа во областа Лара, на оддалеченост од 10 км од аеродромот во Анталија и на 10 км од центарот на Анталија. 

Сместување:
Вкупен број на соби 349. Стандардни соби 269 (29м², една спална, бања, макс.2+1 лица), 17 Јуниор фамилијарни соби (35м², една голема соба поделена со параван, макс.2+2 лица), фамилијарни поврзани соби (57м², две спални одвоени со врата, две бањи, макс. 4 лица), Стандардни суит соби 4 (46м², една спална, дел за седење, една бања со Џакузи, макс.2 лица), 2 соби за хендикепирани лица и 3 ВИП суити. Сите соби се со балкон, тепих на под, бања со када, туш, фен, телефон, централна клима која работи според временските услови, сеф, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, интернет. Еxecutive суити: King Richard suit (90м², две спални соби, една дневна соба со кујна, две бањи, централна и сплит систем клима, поглед на море, макс. 4 лица); Little John suit (65м², две спални соби, една дневна, една бања, делумен поглед на море, макс. 4 лица, делумно гледа на море), Maid Marian suit (70м², една спална соба, една дневна, една бања, поглед на море, макс. 2 лица). За овие суити има екстра сервис (батлер, експресно пријавување и одјавување од хотел, шампањско за добродојде и овошје, ВИП мини бар, 24 часа услуга во соба, приоритет во A’la Сarte рестораните, појадок во соба, бесплатен сервис за перење облека, приватен дел на плажа). Исто така има 6 суит соби на секој спрат од хотелот (30м², една спална, една бања со џакузи, поглед на море, макс. 2 лица). 

Ресторани и барови
Ultra All Inclusive - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера, ужина во доцните вечени часови, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе, чај, свежо цеден портокал за појадок, сладолед, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден), A’la Сarte ресторани со претходна резервација и минимум за една недела престој. Специјалните увозни пијалоци, свежо цедениот сок (освен за појадок), услуга во соба, флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, се наплатуваат. Главен ресторан-шведска маса, A’la Сarte ресторани со Италијанска, Азиска и Турски кујна, снек ресторан, лоби бар, бар покрај базенот, бар на плажа, диско клуб, интернет. Доктор, чување деца, перална, услуга во соба, фризер, rent a car, шопинг центар, телефон, факс и компјутерски игри дополнително се наплатуваат. 

Активности:
Два отворени базени за возрасни и два за деца, затворен базен за возрасни и деца, Аква парк (6 водени лизгалици за возрасни и 3 за деца), фитнес центар, Турска бања, сауна, џакузи, соба со пареа, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, пинг понг, немоторни водени спортови, не се наплатуваат. Осветлување за тениските игралишта и опрема, билијард, куглање, масажа, салон за убавина и SPA центарот, компјутерски игри, моторните водени спортови дополнително се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот и специјална шоу програма навечер. Мини клуб за деца со специјална програма. Песочна хотелска плажа, со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат.