Најдете идеално патување
STDC, Ultra All Inclusive, 7 дена

Поаѓање
06.05.2018
Skopje 03:05 - Antalya 06:00

Враќање
12.05.2018
Antalya 23:55 - Skopje 02:20


Вклучени во вашата цена

Багаж - 23 кг
24ч корисничка услуга
Трансфер од/до аеродром
Аеродромски такси

Вкупната цена беше: 1,358 €
Денеска заштедувате -375 €
Цена по лице од 492 €
Вкупна цена 983 €

Add To Wishlist
Maritim Pine Beach Hotel - Belek
Турција Белек
Хотел
Локација: 
Хотелот се наоѓа на 33 км од аеродромот во Анталија, а на 3 км од центарот на Белек. Позициониран е на самата плажа. Хотелот се реновира на почетокот на 2017-та година.

Сместување: 
Вкупно 744 соби. Главната зграда има 5 спратови, клубските соби во градината имаат 1-2 спрата, клупски соби во главна зграда со 4 спрата. Собите се чистат секојдневно. На располагање се и соби за непушачи. Собите се обезбедени со директна телефонска линија, интернет, сателитска TВ со радио канали, мини бар, сеф, централен клима систем, ламинатен под, фен, LCD телевизор, прибор за кафе и чај и волтажа од 220 во сите соби. Бањарки и папучи на барање. На располагање мени за перници. На барање кревет и када за инфанти. На барање пегла. Собите имаат балкон. Типови на соби: Club Garden соби (27 м² 2+1), Club Garden Jumba соби (28 м² 2+2), Classic Garden соби во главна зграда (27 / 30 м² 2+2), Classic Plus соби (27/30 м² 2+2) – вклучува павилјон на плажата за време на целиот престој, Superior соби во главна зграда со поглед море (27/30 м² 2+2), Club Family Apart соби (54 м² 4+2), Четворокреветни соби во главна зграда (32 м² 3+1), Junior Suites (45 m² 3+1), Deluxe Suites (75 m² 3+1), Family suit (110 m² 4+1), соби за хендикепирани лица (27/30 м² 2+2).

Ресторани и барови:
Услуга Ultra All Inclusive. Главен ресторан – Sante: шведска маса запојадок, ручек и вечера. Детско мени. 2 тематски вечери – турска и морска. A`la Carte ресторани: Akdeniz – медитеранска кујна, Turca – турска кујна, Livar – морска храна. Ужинки: во Akdeniz ресторанот, Nautilus – чај, кафе, колачи, Gozleme Café. Барови: Nautilus Bar, Karaoke Bar (in Nautilus Bar), Nyx Bar, отворен диско клуб & Nargile Bar, Pino Kids Kingdom.

Активности: 
Аквапарк – 8 водени лизгалки + Crazy River, 3 отворени базени (еден од нив со морска вода), 3 затворени базени (еден од нив со морска вода), 3 одделни отворени детски базени (еден од нив со загреана морска вода).
Pino Kid`s Kingdom: 
Простории и активности за инфанти и деца, според возраста, алка за деца со систем за навигација. Шведска маса за деца, простор на плажата со игралиште, мини диско, детски театар, шоу програми за деца, мини зоолошка градина.
Дневни активности – игри, спорт, рачна изработка, уметнички изработки, забавни игри, игри покрај базен. Тематски забави и активности – пиратски, индиски, боење, правење пица, колачи... Ноќни шоу програми, квизови, талент шоуа, музички игри и натпревари, детски шоуа.. PINO телевизија, PINO фудбалска академија (бесплатно учество, доплата за униформа). Чување на деца – до доплата; часови за пливање – со доплата; 10D кино – со доплата. Паркинг, пристаниште, продавници, миленици не се дозволени, rent a car. 
Спа центар: сауна, турска бања, затворен базен – бесплатно користење. Helen спа центар – со доплата: 2 затворени базени (еден од нив со хидро масажа), 2 сауни, 1 парна бања, 2 амами, 18 соби за масажа (таи, бали, класична, терапевтска), 2 козметички соби. Дневни и вечерни забави, анимации – спорт, фитнес, турнири, музички забави на плажа. Фитнес центар, терен за голф – во близина на хотелот, тениски терени, мини фудбал, одбојка на плажа, пинг понг, стрелаштво, ватерполо. Водени спортови – со доплата.